Во Стаклената сала на најпрестижната концертна сцена во глобални рамки, виенски „Музикферајн” започнаа пробите пред светската премиера на оркестарската верзија на проектот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите, информира „КултурОп“.
Во аранжман на Пандев Шахов, бисерите на македонската традиционална музика на Големата сцена на Музикферајн на 2 март од 20 часот ќе ги изведе добро познатиот квинтет во чиј состав покрај Трпчески се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар под диригентската палка на маестро Јутака Садо од Јапонија.
фото: КултурОп
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.