Во рамките на одбележувањето на Јубилејот 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга, Установата денес, со почеток во 10:00 часот, во паркот на поезијата ќе го одржи вториот настан поврзан со ова чествување. Посетителите ќе имаат можност да ги видат дел од делата на роднокрајните автори, како и изданија од Збирката на СВП која ја поседува Центарот за култура и е единствена во РСМ. Овие дела не се издаваат и единствено можат да се погледнат само во просториите на Библиотеката и на овој начин публиката ќе може да ги види овие дела. Исто така ќе бидат изложени и уметнички дела на познати уметници- сликари. Центарот за култура ќе додели и благодарници на општествено одговорни компании и личности за голем придонес во развивањето на културата во Струга.
Ова е втор настан во одбележувањето на Јубилејот и следува после првата голема прослава на која и официјално започна соработката меѓу Амбасадата на НР Кина и Центарот за култура. Со други културни манифестации ќе се продолжат во наредниот месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.