Книгата „Утеха за голите” од младиот македонски писател Давор Стојановски вечерва ќе биде промовирана во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, со почеток од 18.30 часот.

Во присуство на авторот за книгата ќе говорат издавачот Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј”) и преведувачката Тања Попова.

Книгата, како што информира Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, е номинирана истовремено за Награда за литература на Европската Унија и за најголемата награда за литература во Македонија – „Роман на годината” (писателот веќе ја добил еднаш, а сите негови досегашни четири романи се номинирани за неа).

„Утеха за голите” е роман за изгубената, неостварена и несреќна љубов. Но, тој ги допира и темите за вечноста и бесмртноста, за среќата и радоста во животот, за барањето на утеха во најтемните периоди на човекот. Тоа е приказна на еден од најдобрите шахисти во светот, Германецот Рајнер Кестинг, и причините на неговото ненадејно повлекување од натпреварувачката дејност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.