Во Скопје се отвара најголемата е-книжарница. Коктел-забавата ќе се одржи на 12 јули (среда), во 19.30 часот, пред книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, Скопје.

Под слоганот „повеќе од книжарница“, на www.literatura.mk понудени се повеќе од 6.500 книги од над 50 издавачки куќи и над 15.000 производи од 60 брендови. Покрај книгите, застапени се подароци, дизајнерски додатоци за домот и канцеларијата, играчки, едукативни, арт и колекционерски производи и училишна опрема.

Приказната на „Литература.мк“ почна со онлајн-книжарницата пред дванаесетина години, на која беа понудени книги и едукативни и стручни изданија. Пред седум години, од интернет „Литература.мк“ се пресели на улицата „Македонија“, бр. 21 (спроти спомен-куќата на Мајка Тереза). Така, симболично, токму од првата физичка книжарница почнува и новата приказна на најголемата е-книжарница www.literatura.mk.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.