Утре по третпат стрип книжарницата „Бункер“ ќе организира Ден на бесплатни стрипови.
Настанот ќе трае од 10 до 15 часот, односно додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“ и секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови, „Бункер“ ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман.
Ова е најмасовниот настан во светот на стрипот, кога во специјализираните книжарници се делат бесплатни примероци. Манифестацијата првпат се одржа во САД во 2002 и потоа се прошири во многу други земји. Целта е промовирање и ширење на стрип културата.
Оваа година обезбедивме околу 700 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно. Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи. Во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци“, велат од „Бункер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.