По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Националната галерија веќе петта година по ред организира тематска изложба со посвета.

Изложбата насловена „Процут кон женственоста“ од колекцијата на Националната галерија“, ќе биде поставена во просторот на Чифте амам од 3 до 15 март.

Изложбата прикажува селектиран избор на македонски и странски автори, кои претежно припаѓаат на првите генерации уметници, а ја обработуваат темата, тесно поврзана со човечкиот животен циклус – односно фазите кои претходат во растењето и оформувањето на една жена се до зенитот на нејзината зрелост.

Селекцијата опфаќа дела кои се дел од богатата збирка на Националната галерија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.