Скопје, 27 август 2023 (МИА) – Олга Панкина вчера во Москва организира омаж посветен на академик Влада Урошевиќ – македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година.

Настанот се одржа во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година.

Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други.

Посебно во своето излагање таа се задржа на новата поетска збирка насловена „Jужна sвезда“, која содржи над 200 песни на истакнатиот македонски поет. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија.

„Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пејач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“.

Двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ ги објави реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“.

Пред бројните гости беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев.вј/

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.