Во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа беше отворена изложба на дела од ликовната колонија Дрен 2024. На изложбата се претставени 30 дела од уметници од земјава и од странство кои твореа на 16. колонија „Марко Цепенков – Дрен 2024“ што се одржа од 8 до 13 август 2024 г.
Каролина Мицевска, советник зa односи со јавноста во Центарот, на отворањето на изложбата посочи дека ликовната колонија Дрен, ни испраќа светлост во длабочината на нашите срца, што и е целта на самите уметници, кои годинава учествувајќи на колонијата, со многу љубов создадоа спонтани дела, кои ќе останат во трајна сопственост на Центарот за култура „Марко Цепенков“, на Прилеп, Македонија.
Отворајќи ја изложбата Викторија Димеска, историчар на уметност истакна дека на 16. издание на меѓународната ликовна колонија Дрен 2024 , учествуваа бројни уметници со моќен креативен потенцијал и особен сензибилитет, со посебни карактеристични артистички пориви и јасни уметнички визии и дека во суштина, се воочуваат неколку стилски правци : фотораеализам, надреализам, симболизам, енформел, асоцијативни апстракции и геометриска апстракција.
Посетителите ќе можат да ги видат делата од Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ, Милица Алимпиќ Илиќ од Србија, Радица Лелова Докузовска, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов и Никола Димески, Колонијата се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам.
Со отворањето на изложбата и концерт на ФИА ТРИО, ЦК „Марко Цепенков“ одбележа 45 години од своето формирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.