Изложбата „Животи обликувани од вода“ ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар во Скопје, со почеток во 19 часот. На изложбата ќе бидат претставени дела на седум етаблирани фотографи од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, РС Македонија, Словенија и Србија, кои ги документираат врските меѓу луѓето и реките преку објективот.
Изложбата е дел од иницијативата „Заедно за реките“, која има за цел да заштити повеќе од 400 километри реки низ нашиот регион. Иницијативата ја почна меѓународната организација за заштита на природата „Nature Conservancy“, а партнери се Еко-свест од Македонија, Центарот за заштита на животната средина од Бања Лука, здруженијата „Динарица“ и „Нови вал“ од Босна и Херцеговина, Еко-тимот од Црна Гора, и еколошкото друштво „Рзав“ од Србија, информираат од „Еко – свест“.
Во рамките на оваа иницијатива, од „Еко-свест“ известуваат дека, во соработка со општината Демир Капија и Министерството за животна средина и просторно планирање, ја почнале постапката за репрогласување на клисурата Демир Капија за заштитено подрачје, со што, како што велат, ќе се обезбеди активна заштита на дел од долното течение на реката Вардар и нејзините чисти и недопрени притоки.
Изложбата ќе биде отворена до 15 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.