Во галеријата „Ју Ји“ во Фошан, Кина е отворена заедничка изложба на уметниците Александра Ацеска и Даниел Коцев Пазамат од Македонија и Михајло Спорин од Србија, пишува Нова Македонија.

Изложбата е во организација на галеријата „Ју Ји“, а во коорганизација со здруженијата на уметници „Нанхаи“ и „Чанченг“, уметничкот институт „Нанхаи“, здружението на трговци со уметнички дела „Гуангжоу“ и Сојузот на уметнички галерии на Фошан. Изложбата ќе биде отворена за посета од 9 до 30 септември.

Станува збор за тројца млади академски уметници кои веќе неколку години живеат, работат и творат во Кина.

Кураторката Лианг Манли во општирниот осврт кон изложбата и кон уметниците, констатира дека авторите се фокусирани на соѕдавање на уметност, обидувајќи се да изградат нов визуелен пејзаж и да истакнат нови иделошки вредности преку размислување и интроспекција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.