Повиците за проекти од програмата „Креативна Европа“ денес беа презентирани во Гостивар пред претставници на невладиниот сектор, установи и институции. Присутните на настанот што се одржа во Центарот за култура АСНОМ, имаа можност да слушнат подетално околу условите и аплицирањето за категориите „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“. Програмата ја спроведува Министерството за култура, и е наменета за културните и креативните сектори.
Оваа презентација се прави со цел да ги информираме и мотивираме потенцијалните апликанти доколку се во можност да се вклучат во повиците кои се тековни за оваа 2023-та година. Сепак, Програмата трае до 2027-ма година и редовно на годишно ниво се објавуваат повици, така добро е да се запознаат со критериумите и начините на аплицирање, да одлучат дали можеби ќе се јават на повик во некоја од наредните години. Инаку, станува збор за повеќегодишни европски копродукциски проекти кои може да траат до 48 месеци. Вклучени се 42 земји од кои нашите организации може да си најдат партнери и да изработуваат заеднички проекти во сите области на културните и креативни области почнувјаќи од архитектура, издаваштво, музика, визуелни уметности итн., појасни Билјана Прентоска од Министерство за култура.
извор: Гостиварпрес.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.