Законот со кој стариот дел на Охрид се прогласи за културно наследство од особено значење, е нефункционален и воопшто непримелив. Десетици градби се избришани од заштита,а на локациите на старите и оригинални градби во срцето на Охрид никнуваат цели индивидуални станбени згради. Новите градби не се ни копија на она што се урнало-рагираат од граѓанската иницијатива Охрид СОС, објави Алфа.
Во делот на старата градска архитектура во Охрид избришани се од заштита 56 објекти, бидејќи во меѓувреме новите сопственици ги урнале (без дозвола или мислење од заводот), ги видоизменале, со што ја нарушиле оригиналноста, или изградиле нови објекти кои се различни од објектот кој бил внесен на листата. Никакви санкции за тие еднострани акти. Во заводот немале доволно вработени, не можеле постојано да контролираат кој што прави и какви намери има. Единствено што направиле е да ги прешкртаат во документот и со тоа да прекине нивната заштита, велат од Охрид СОС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.