Во чест на 8 Март – Меѓународниот ден на жената денеска во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана новата стихозбирка од поетесата Зора Златева од Охрид.
Сон, јаве, фантазија и реалност „живеат“ заедно меѓу кориците од оваа стихозбирка. Авторката Зора Златева умешно во педесетината песни како сликар платното го бои со зборови со многу емоции и испомешани чувства. Таа е господар на ситуацијата и несомнено личните а и замислени доживувања најсуптилно ги реди во стихови од кои напати извира немоќ, напати сила невидена и на почеток и крај гордост што е една, единствена и посебна, вели во рецензијата на книгата м-р Милчо Јованоски, кој утре ќе биде и во улога на нејзин промотор.
Стихови од збирката ќе читаат ученици од библиотекарско – рецитаторската секција од СОСУ „Св Кирил и Методиј“ од Охрид
Настанот ќе го збогатат младите надежни музичари ООМУ „Методи Патче“ а специјална осмомартовска видео порака со грст стихови и песна до присутните ќе испратат учениците од трето одделение од ООУ „Братство – Единство“ Лескајца заедно со нивните наставнички Елизабета Здравеска и Нада Буџакоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.