Во Битола почина Владимир Костов (1932 г.), професор и писател, почесен член на МАНУ и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Костов работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање, бил еден од основачите како и главен уредник на списанието „Развиток“. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои во два наврати наградата на градот Битола „4 Ноември“, и награда за животно дело, како и на републичките награди „11 Октомври“, „1 Мај“, наградата „Рациново признание“; наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ванчо Николески“; „Гоцева повелба“ за литературна дејност; наградите на Сојузот на здруженијата на наставниците по македонски јазик и литература и „Феникс“. За литературна дејност одликуван е со орден „Заслуги за народ со златен венец“.
Владимир Костов има објавено 17 романи, 10 збирки новели и раскази и осум книги за деца и млади. Застапен е во антологии на македонскиот расказ кај нас и во светот.
Во 2015 година Костов, член на МНД-Битола, беше избран и за почесен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.