Бисера Костадиновска уште еднаш покажува целосна отсутност и незаинтересираност за македонските обележја. Карневалот во Вевчани повторно остана, без поддршка од министерството за култура на Република Македонија“, рече Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани.
Вевчанскиот карневал е во постапка за да влезе на листата на културно нематеријално наследство. Карневалот е препознатлив симбол за Вевчани и Македонија. А, Вевчанскиот карневал останува без помош од Министерството и министерката Бисера Костадиновска Стојчевска.
Никаков слух од страна на министерката и оваа криминална власт за да се помогне оваа традиционална манифестација по која е позната државава во светски рамки.
До пред две години, Вевчанскиот карневал редовно беше дел од годишната програма на министерството за култура, секоја година беа покровители на овој меѓународен карневал.
Почитувани, и покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има и тој ќе се одржи.
Вевчанци нема да дозволат оваа манифестација да не се одржи, нема да дозволат згаснување на традицијата, згаснување на културата и бришење на македонското нематеријално наследство. Локалната власт предводена од градоначалникот Спасе Кочовски, како и покровители и љубители на карневалот, со сите свои напори ќе ја организираат оваа светска манифестација.
Ги повикуваме сите граѓани од 12-ти до 14-ти јануари да дојдат во Вевчани, да го посетат карневалот, со што директно ќе се покаже пркос кон антимакедонските политики на СДС/ДУИ“, изјави Ѓорги Влајнкиноски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.