Во рамките на февруарската програма на Кинотека денеска (21 февруари) во 18 часот и утре (22 февруари), во истиот термин (18 часот) може да се проследи проекцијата на филмот „ Верност“ (Le Fidele / Racer and the Jailbird).

Игран филм, Белгија / Франција / Холандија

2018, 130 мин., колор, ДЦП

Режија: Михаел Роскам (Michaël R. Roskam)

Сценарио: Томас Бидеген, Ное Дебре, Михаел Роскам (Thomas Bidegain, Noé Debré, Michaël R. Roskam)

Улоги: Матијас Шоненаертс, Адел Егзархопулос, Ерик де Штарке (Matthias Schoenaerts, Adèle Exarchopoulos, Eric De Staercke)

Приказна за трагичната љубов меѓу Жижи, гангстерски шеф, и Биби, млада девојка – возач на тркачки автомобили, која му припаѓа на високиот сталеж, раскажана во заднината на бруталното владеење на бандите во Брисел. Но, Жижи крие една тајна што може да го загрози животот на луѓето околу него. Затоа Жижи и Биби мора да се борат против судбината, разумот и сопствените слабости за да ја спасат својата љубов.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.