Македонската писателка Јулијана Величковска од 24 до 26 август ќе настапи во поетскиот дел на уметничкото биенале „Комагене“ што се одржува во регионот Адијаман во Турција.

Величковска ќе чита на изгрејсонце на историската планина Немрут којашто е под заштита на УНЕСКО, а е позната по огромните статуи што датираат од I век пр.н.е.

На биеналето ќе се претстават 54 уметници од 28 земји.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.