Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ в среда, на 6 март во 20 часот гостува во Драмски театар Скопје со претставата „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски. Автор на текстот е бугарскиот писател Александар Секулов, а во претставата играат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски. Драматург е Сашо Димоски.

Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја изврши осудата. Дијалогот пласира луцидна, иронична и саркастична приказна, која низ мултинаративен систем генерира уникатно сценско доживување. Овој мултимедијален проект има цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видео анимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единственото на театарската претстава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.