Познатиот уметник Ахмет Огут за изложбата „Скокни“ во МСУ ќе изработи ново дело инспирирано од солидарноста по скопскиот земјотрес

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на еден од позначајните уметници на интернационалната сцена, Ахмет Огут.

Кураторки на изложбата со наслов „Скокни!“ се Мира Гаќина и Јованка Попова.

Огут пристигна во Скопје и утревечер пред официјалното отворање на изложбата, во 19 часот, публиката ќе може да присуствува на разговор и водење низ изложбата во присуство на уметникот.

Проектите на Ахмет Огут во голема мера се однесуваат на собирање локални приказни и барање сличности на друго место.  За изложбата во МСУ – Скопје, уметникот ќе изработи ново дело насловено „Скокни!. Делото е инспирирано од чинoт на солидарност, кога по скопскиот земјотрес во 1963 година, светски познати уметници подарија свои делаа МСУ – Скопје станува симбол на солидарноста и дом на исклучителна колекција на современа уметност во земјата.  Огут ќе постави дел од делата од колекцијата, по негов личен избор, високо над окото на набљудувачот, во изместен хоризонткој реферира не само на поместениот баланс при земјотресот, туку и на поместување на политичкиот хоризонт и нивната меѓусебна поврзаност.

„На изложбата во Скопје посетителите ќе можат да видат повеќе дела кои се однесуваат на концептот заедништво, комуникација и споделување во периоди на кризано и коегзистирање со останатиот жив свет. Неговите дела се колаборативни, тој бара начин да ја ангажира публиката или случајните минувачи во ситуации кои ја менуваат нивната перцепција за социјалните норми и однесувања. Преку хумор и мали гестови во делата тој често коментира сериозни социјални и политички прашања. Инспириран од  приказната за настанување на самиот Музеј и неговата колекција, во Скопје тој создава инсталација во која на возбудлив и игрив начин, со скок во височина, ги повикува посетителите да ги активираат нивните сеќавања поврзани со колективната траума од земјотресот и специфичната историја на солидарност, со поглед од поинаква перспектива на делата од колекцијата“, велат кураторките Гаќина и Попова.

Преку инсталациискулптури, цртежи, колажи и видео дела, инспирирани од општествената, културната и политичката реалност, изложбата со императивен наслов „Скокни!“  го поканува посетителот да излезе од комфорната зона и досегашните навики на перципирање и размислување и да одговори на новите предизвици од поинаква перспектива. Уметникот нѐ повикува да ја презамислиме поврзаноста помеѓу човечкиот и нечовечкиот живот, нивната зависност и симбиоза, да направиме „скок“ во променети општествени норми, наспроти културата на секојдневното грубо и политички сурово. Според тоа, средбата со неговите дела станува еден вид покана за општествен ангажман.

Ахмет Огут (1981) е уметник кој живее и работи во Амстердам, Берлин и Истанбул. Самостојно изложувал во повеќе музеи и институции низ светот меѓу кои Ван Абемусеум, Кунстверајн Дрезден, Кунстхал Шарлотенборг . Изложувал на бројни групни претставувања и во Музејот Стеделијк Амстердам, Музејот на современа уметност во Сеул, 13. Биенале во Лион, 5 Биенале на визуелни уметности, Њујорк, 12. Истанбулско биенале, Триеналето на Новиот музеј, Њујорк, 5. Берлинско биенале за современа уметност. Огут ја претставувал Турција на 53. Биенале во Венеција во 2009 година Бил резидентен уметник на Ријксакадемија, Амстердам во 2007-2008 година и Фондацијата Делфина, Лондон, во соработка со Тејт, во 2012 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.