Факултетот за музичка уметност – Скопје организира тридневна концертна серија „Musica Viva на отворено” како дел од научно-истражувачкиот проект NIP.UKIM.21-22.15 поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

Програмата на концертите ја сочинуваат дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска, проф. м-р Живко Фирфов, проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Марија Вршкова, вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Дино Имери, доц. м-р Димче Белчовски, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов.

Концертите ќе се одржат на платото пред НУ „Национална опера и балет” почнувајќи од денеска со „ПРЕЛУДИУМ” (пијано, хармоника), 28 мај -„SONARE” (виолина, тромбон, соло пеење, корепетиција практика) и 29 мај – „ПРОЛЕТНИ ПЕСНИ” (соло пеење, вокално студио, флејта, виолина, виолончело, контрабас, корепетиција практика)

Почеток на сите концерти е во 19 часот, а влезот е бесплатен со претходна резервација



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.