Гетанџали Шри стана првиот индиски добитник на меѓународната Букерова награда со нејзината книга „Гробница од песок“ (Tomb of Sand), јави германската новинска агенција ДПА.

Приказната е за 80-годишна жена по смртта на нејзиниот сопруг. Сместена е за време на поделбата на Индија во 1947 година.

Станува збор за прва книга на јазикот хинди што влезе во потесниот избор за наградата од 50.000 фунти. На англиски е преведена од Дејзи Роквел.

Зад мене и оваа книга, лежи богата и просперитетна книжевна традиција на хинди и на други јужноазиски јазици – истакна таа.

Претседателот на судиите Френк Вајн изјави оти не прочитал ништо слично на „Гробница од песок“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.