Вечерва на Млад отворен театар (МОТ) во рамки на придружната програма од 20 часот во салата „Фросина“ во Младински културен центар (МКЦ) ќе се одигра „Лебедово езеро“ во режија на Метју Борн. Проекцијата е во рамки Денот на Артхаус Синема, кој ја слави различноста на европската кинематографија во повеќе од 700 кина во над 40 земји.

Оваа смела реинвенција на ремек-делото на Чајковски предизвика сензација кога беше премиерно прикажана пред речиси 30 години и оттогаш стана најуспешната танцова театарска продукција на сите времиња.

Возбудлив, храбар, духовит и емотивен, овој настан кој го дефинира жанрот е сè уште најпознат по тоа што го замени женскиот корпус-де-балет со заканувачки машки ансамбл, кој ја урна конвенцијата, вртејќи ја традицијата на глава.

За првпат поставена на Садлерс Велс во Лондон во 1995 година, Лебедово езеро на Метју Борн го зафати светот на танцовиот театар и стана најдолготрајниот танцов класик во цела должина на Вест Енд и на Бродвеј. Оттогаш се изведува низ целиот свет, собирајќи над триесет меѓународни признанија, вклучувајќи ја наградата Оливие за најдобра нова танцова продукција и три награди Тони за најдобар режисер на мјузикл, најдобра кореографија и најдобар костимографија.

По проекцијата ќе има дискусија за претставата со професорка по Историја на танцова уметност Соња Здравкова Џепароска на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Ана Стојаноска,
Театролог, писател, професор на ФДУ, претседател на МТФ „Војдан Чернодрински.

Настанот е организиран во соработка со ARTACTUM, компанија што води дејност со проекти од областа на културата во Македониа. Основана од македонскитот режисер Иван Поповски и театарски продуцент Татјана Дешко. Целта на ARTACTUM e да создаде што е можно повеќе прилики за различни културни настани за да го разбуди апетитот на уметниците во Македонија и да создаде импулси за нови инспирации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.