Фондацијата „Лумбарди“ од Призрен и „Вардар Филм“ – Скопје потпишаа меморандум за соработка со цел развивање на филмски програми, едукација во областа на историјата на филмот, како и програми за размена на искуства помеѓу двете институции.

Преку иницијативата за соработка ќе се прошират и надградат на капацитетите и регионалната соработка на овие две историски значајни институции на филмот и кинематографското наследство.

Меморандумот за соработка го потишаа директорот на Вардар Филм Скопје Сани Саиди и директортката за финанси и администрација на Фондацијата „Лумбарди“, Фиторе Реџепи.

„Лумбарди“ е поранешно кино, граѓански простор и независна културна институција со седиште во Призрен, Косово. Фондацијата „Лумбарди“ е невладина организација основана во април 2015 година како продолжение на Иницијативата за заштита на киното Лумбарди. Фондацијата „Лумбарди“ како наследник на јавната установа кино „Лумбарди“ која оваа година одбележува 70 години од своето постоење. Така, преку иницијативата за соработка со „Вардар филм“, во рамките на богатата меѓународна програма “LXX”, со која се одбележува годишнината, ќе се прикажат и два филма во продукција на Вардар филм: Жед (1971) и Македонски дел од пеколот (1971). Во оваа насока, после соработката на филмската програма “LXX” ќе се продолжи и со програми за континуирана размена на филмски проекции, а со цел развој на публиката во двете земји, но и промоција на филмските дела кои го одбележале минатото и оставале значаен белег во филмската историја на овој регион и пошироко.

За оваа соработка, како и за други заеднички регионални проекти и програми кои се планираат да се реализираат во блиска иднина, освен придонесот на раководсвото и вработените во овие институции, значителен придонес имаат и кураторите на програмата “LXX” – Кумјана Новакова (филмска авторка и кураторка), Бенги Музабег (филмски теоретичар) и Ветон Нурколари (уметнички директор на ДокуФест, Призрен).
Заедничкото минато на двете институции во светот на кинематографијата ќе биде двигател за заедничките идни проекти во филмската дејност кои ветуваат отвореност, соработка и можности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.