Оваа промотивно видео што го гледавме заедно е доказ за нашата макотрпна работа и заеднички вложен труд во изминатиот период, што донесе до радикална трансформација на уште еден запуштен простор, оставен во заборав, соопштија од Вардар филм на својата фејсбук страна.

Денеска, имам чест гордо да ви ја преставам и воедно, да ве информирам дека од овој момент официјално е отворено за работа студиото за колор корекција и монтажа при НУФЦ Вардар Филм Скопје, најсовремено студио од овој вид во нашата земја.

Целата инвестиција, почнувајќи од инфраструктурниот дел па се до набавката и монтажата на професионалната опрема, изнесува над 3 милиони денари, од кои вреди да се споменe специјалниот референтен монитор за колор од брендот SONY во вредност од над 1 милиони денари, а кој е единствен во нашата земја. Средствата за оваа значајна инвестиција се обезбедени од сопствениот буџет на установата и за прв пат, после неколку децении, повторно во Вардар Филм се донесува професионална филмска опрема.

Почитувани филмски работници,

Вардар Филм постои и се грижи за Вас. Целиот наш ангажман и континуирана работа за модернизирање на овој филмски центар, вклучувајќи го и новото студио за колор грејдинг и видео едитинг, е со единствена цел, олеснување на целиот процес за реализација на вашите филмски проекти и воедно, да се зголеми придонесот кон развивање на нашата кинематографија.

Воедно, ја користам оваа прилика да ве поканаме сите Вас, слободно да дојдете и одблиску да се запознаете со студиото и да се информирате за можностите и поволностите кои ги нуди, вели директорот на Вардар филм, Сани Саиди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.