После реализирање на инфраструктурниот дел и подготовка на просторијата, денеска, пристигна конечно и професионалната опрема, со што за скоро време во склоп на НУФЦ Вардар Филм Скопје, ќе има и модерно студио за колор грејдинг и едитинг со најсовремена опрема, во согласнот со постоечките стандарди и трендови во овој домен, соопштија оттаму.

Со оваа инвестиција, нашата установа ги зголемува своите технички капацитети и прошируваа своите услуги во доменот на постпродукција, со тоа и придонесот во филмската дејност.

Студиото се очекува да се пушти во употреба за кратко време, во текот на следниот месец, и ќе биде отворено и достапно за сите филмски работници и продуцентски куќи во земјата и пошироко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.