Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) в сабота, на 6 мај, во 12 часот во Домот на Армијата ќе одржи годишното Собрание.
На собранието, од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ќе бидат презентирани досегашните активности, и идните планови на здружението. Исто така според Дневниот ред, ќе се бираат и нови членови на Управен одбор, Уметнички совет и Надзорниот одбор. Дополнителна активност е формирање и на надворешни комисии кои ќе имаат за цел поголема активност на ДЛУМ, како на домашната така и на меѓународната ликовна сцена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.