Од 28 март – 21 април, во Чифте амам ќе биде поставена изложбата „Убавините на Италија“ изложба на фотографии од Архивот Алинари, Италија.
Се работи за изложба на фотографии кои ги отсликуваат убавините на Италија – во сопственост на Архивот Алинари – составена од три секции: пејсажи, дела и лица; и секоја од нив обединува фотографии од крајот на деветнаесеттиот и раниот дваесети век, спротивставени на фотографии од последните децении, како еден вид на времеплов низ пејсажите на Италија, луѓето и уметноста претставени преку објективот на италијанските фотографи (меѓу кои браќата Алинари, Барбиери, Басилико, Беренго Гардин, Фонтана, Џакомели, Мараини, Пелегрин, Ѕание).
Куратор Горанчо Ѓорѓиевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.