НУ Турски Театар на 15.02.2023 г. (среда) во 20.00 часот ќе ја изведе претставата ЧОВЕК ПЕРНИЦА од Мартин МЕКДОНА и во режија на Сибел АБДИУ.
Приходите од билетите на претставата ќе бидат донирани за населението погодено од разорниот земјотрес во Турција, соопштија од НУ Турски Театар.
ЧОВЕК ПЕРНИЦА
Автор: Мартин МЕКДОНА
Режија: Сибел АБДИУ
Драматургија: Сибел АБДИУ
Продуцент: Слободан ТРАЈКОСКИ
Сценографија: Ујза ЖУРИ
Костимографија: Диелза МИНЦИ
Директор на фотографија: Фисник ХАЛИЛИ
Улоги:
КАТУРИАН: Хакан ДАЦИ
МИКАИЛ: Дин ИБРАХИМ
АРИЕЛ: Бурак РАХМАН
ТУПОЛСКИ: Јеткин СЕЗАИР
Комедија, насилство, злоупотреба, комедија, хорор, терор, комедија… Политички ангажиран театар или обична мрачна комедија која се занимава со насилство и злоупотреба?
„Човек перница“, е претстава која буквално манипулира со емоциите на публиката, преку трагични и комични дијалози, а се бави со многу длабоки и кревки теми вклучувајќи злоупотреба, насилство, морална одговорност и политичка критика.
Покрај тоа, ова дело е и критичка анализа за слободата на говорот, како и злоупотребата и детските трауми како фактор во девијацијата на народите, почнувајќи од микро човечкото општество, односно семејството.
Сместени во полициска станица со проѕирни ѕидови, ќе се соочуваме со длабоката суровост на човековата мрачна и проста природа, а воедно и со смислата на животот на бизарен начин кој се коси со сите наши претпоставки при “здрав разум”.Сибел Абдиу, режисер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.