Црногорско народно позориште по речиси десет години повторно ќе гостува во Македонскиот народен театар – беше договорено на средбата меѓу директорите Илија Суботиќ, ЦНП и Никола Кимовски, МНТ.

Делегацијата на ЦНП престојуваше во Скопје по повод потпишувањето на меморандумот за продолжување на соработката со Македонскиот народен театар, кој пред сѐ опфаќа меѓусебни гостувања, размена на програми, уметнички и стручен кадар, но и отвора простор за копродукциска соработка. Според директорот на ЦНП, Илија Суботиќ, потпишувањето на договорот ќе овозможи подлабока поврзаност меѓу двете институции, уметниците и публиката.

 

„Соработката меѓу ЦНП и МНТ се заснова на заедничка одговорност кон зачувување и унапредување на театарската уметност во регионот, како и на создавање услови за меѓусебни гостувања и размена на програми кои ќе ги рефлектираат нашите културни идентитети, но и заедничките вредности. На овој начин, не само што придонесуваме за зајакнување на регионалната сцена туку сме фокусирани и на заедничката европска иднина, со цел преку нашата работа да создадеме нови естетски и креативни искуства – сигурен сум на задоволство на публиката на двете земји“, истакна Суботиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.