Наградуваната претстава на Театарот за деца и младинци „Роња, ќерката на ограбувачот“ на од гостувањето на Фестивал во Загреб повторно се врати со награди.

Како што соопшти ТДМ, претставата, чиј режисер е Јакуб Максимов, кој е автор на драматизацијата, а е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен, освоила три награди: Матеа Јанковска за актерско остварување во насловната улога, награда за колективна анимација на кукли и награда за сценографија за Олга Зебињска.

Во претставата настапуваат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов. Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.