Од 29 до 31 март, ( вторник, среда и четврток) НУ Библиотека „Григор Прличев“ организира сопствен саем на книги.

Читателите ќе можат да одберат  книги од проектите на Министерството за култура и Владата: 130 тома Македонска книжевност ,  Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа, Ѕвезди на светската книжевност а направен е и избор од книги за продажба од сопствената продукција на Библиотеката.

Саемот за посета сите три дена ќе биде отворен во времето од 10 .00 до 18.00 часот. Дојдете и збогатете ги вашите Библиотеки со дела со трајни вредности а со купувањето на овие изданија ќе го поддржите и развојот на Библиотеката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.