После концертите на фадо пејачката Јоана Амендоеира со нејзиниот бенд од Португалија и концертот на „Фонтана“ & Камерниот оркестар на Битола со специјалните гости Даница Крстиќ – вокал, Р.Србија, Ангел Демирев – гитара, Р.Бугарија и Џамбо Агушев – труба, Македонија, третиот ден од Фестивалот на музика од светот е резервиран за македонскиот музички состав „Лилит“ кои ќе настапат денес во Центарот за култура од 20 часот. Во Битола Лилит „ќе дојде меѓу луѓето“ и ќе го отсвират албумот „Чудо“ кој беше претходно промовиран во Скопје и во Охрид.

Дел од композициите на „Чудо“ се збогатени со виртуозноста на неколку еминентни музичари, и тоа Сашко Николовски, Иван Иванов, Дамир Имери, Зоран Костадиновски, Игор Атанасовски Харе, Дарко Илиевски, Јадранка Кристов и Петрит Сарачини.

Покрај тоа ќе изведат дел од композициите на вториот албум кој во моментов е во фаза на продукција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.