Bо населбата Ѓорче Петров во Скопје почна снимањето на краткиот игран филм „Нитаму ниваму / Турбо-нет“ по сценарио и во режија на Надежда Панова. Филмот е македонско-швајцарска копродукција и поддржан од Агенцијата за филм и Филмскиот фонд „Синефором“ од Женева.

Продукцијата „Пиреј филм“ соопшти дека се работи за приказна за обично македонско семејство и предизвиците со кои се соочуваат неговите членови по смртта на таткото, сопственик на првото интернет-кафуле во градот (Турбо-нет) – центар на социјалниот живот на почетокот на веков.

Во актерската екипа се: Катина Иванова, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Сашо Тасевски, Исидор Јовановски, Илија Волчески, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчевски, Петар Стојанов, Надица Дојкоска, Петар Горко и Матео Матевски.

Снимањето ќе продолжи во населбата Водно. Премиерата е планирана за напролет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.