Групата Фонтана заедно со Камерниот Оркестар на Битола, како и нивните специјални гости ќе одржат голем концерт во големата сала на Центарот за Култура во Битола на 19ти ноември сабота со почеток од 20 часот. Овој концерт ќе биде во рамките на престижниот Фестивал на музика од Светот кој традиционално се одржува во овој период од годината. Како специјални гости ги најавуваат: Даница Крстиќ од Србија, една од водечките балкански вокални интерпретаторки кога е во прашање етно музиката, Ангел Демирев од Бугарија, гитарист кој има светска кариера, како и најдобриот трубач во овие простори Џамбо Агушев, човек кој што е еден од најголемите пријатели и соработници на група ФОНТАНА.

– Ова ќе биде посебно музичко патување кое што од душа и срце ќе го подариме на нашата верна битолска публика. Драго ни е што имаме прекрасни гости, кои имаат сериозно значење во Балканската и светската музика, но посебно сме среќни затоа што за прв пат на сцена ги соединуваме Фонтана и Камерниот Оркестар на Битола и тоа се случува токму на Фестивалот на музика од светот, изјавуваат Благојче Трајковски од група Фонтана и диригентот Владимир Димовски. 

Се очекува голем број на гости и интерес како локално така и национално.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.