Вечерва во Народниот Театар во Штип, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската комедија „Женидба“ од Н.В. Гогољ, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Драматург: Габриела Коцева Тулиев
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓоргиевски – Папаз
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Избор на музика: Љупчо Ѓоргиевски и Милорад Ангелов
Играат:
Агафја Тихоновна – Марија Минчева Андонов
Иван Кузмич Поткалјосин – Милорад Ангелов
Иван Фомич Кочкарјов – Ефтим Трајчов Ѓаурски
Фјокла Ивановна – Анѓелка Нашкова
Иван Павлович Кајгана – Миле Вратеовски
Балтазар Балтазарович Жевакин – Пеце Ристевски
Никифор Иванович Анучкин – Даријан Петров
Арина Пантелејмоновна – Валентина Ѓоргиевска
Степан – Миланчо Георгиев Роне
Дуњашка – Стефанија Митовска
Техничка екипа:
Суфлер: Лида Рогожарева
Светло: Методи Саздов
Тон: Горги Чапов
Реквизитер: Димитар Влахов
Гардеробер: Моника Гачева
Декоратери: Александар Талевски, Перо Иванов
Гогољ во „Женидба“ во прв план ги става, за да ги исмее, општествените аномалии од неговото време: лицемерието, желбата за статус по секоја цена, робувањето на нормите на граѓанското општество. Но, оваа драма е актуелна и денес токму поради нејзиниот психолошки слој, односно, маестрално изнијансираните ликови кои не се црно-бели, туку се многу живописни, но истовремено и подложни на осуди и сожалувања, кои поради сопствената безволност и нерасположеност на духот и стравот да излезат од сопствената комфорна зона не се во состојба да направат каков било чекор во своите животи. За да ги разбереме ликовите денес, се што треба да направиме е да се погледнеме во огледало.
Цена на влезница: 200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.