Утревечер во Народниот театар во Штип, со почеток од 20 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Женидба“ од Николај Васиљевич Гогољ во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Драматург е Габриела Коцева Тулиев, сценограф е Валентин Светозарев, а костимите ги изработи Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

Играат: Марија Минчева Андонов, Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Анѓелка Нашкова, Миле Вратеовски, Пеце Ристевски, Даријан Петров, Валентина Ѓоргиевска, Миланчо Георгиев Роне и Стефанија Митовска.

Гогољ во „Женидба“ во прв план ги става, за да ги исмее, општествените аномалии од неговото време: лицемерието, желбата за статус по секоја цена, робувањето на нормите на граѓанското општество. Но, оваа драма е актуелна и денес токму поради нејзиниот психолошки слој, односно, маестрално изнијансираните ликови кои не се црно-бели, туку се многу живописни, но истовремено и подложни на осуди и сожалувања, кои поради сопствената безволност и нерасположеност на духот и стравот да излезат од сопствената комфорна зона не се во состојба да направат каков било чекор во своите животи.За да ги разбереме ликовите денес, се што треба да направиме е да се погледнеме во огледало.

Билетите можат да се купат на билетарницата на Театар Штип.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.