Првиот и единствен професионален театар на македонски јазик, Театар за деца и младинци – Скопје, денеска, на 25 март го прославува својот 34. роденден, со гостување на претставата „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес.

ТДМ Скопје, се уште ги создава најважните детски, куклени и младински претстави во поранешниот воен ресторан „Вардар”, 34 години неуморна работа, која создава успешни приказни. Постарите генерации го паметат почетокот на ТДМ, пред преполната Универзална сала – Скопје, каде беше изведена претставата „Чудовиштата од нашиот град“ од Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски со која се означи и официјалното институционално работење на Театар за деца и младинци, велат од ТДМ.

Низ изминатите години, ТДМ забележува бројни не само домашни, туку и многу важни интернационални успеси.

Во постоечкиот објект премиерно е изведена претставата „Убавицата и ѕверот“ која бележи рекорден број на изведби (над 350), како и останати успешни претстави со над 200 изведби: „Црвенкапа“, „Зрното грашок и принцезата“, „Лакомата меца“ и други.

Во ТДМ се горди на бројните гранд при награди за легендарната „Македонска приказна“,„Тоби“ со повеќе значајни награди, а со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ само за една година ТДМ се здоби со три Гранд при награди, награда од публика за најдобра претстава, актерски награди, награда за оргинална музика.

Последните години ансамблот на ТДМ, следејеќи ги современите текови бележи вистински театарски освежувања во секој сегмент од програмата: куклени претстави, детско – играни, а особено се значајни младинските (наменети за возраст од 14+).

По бројните гостувања на ТДМ низ Европа, од пред три години успешно го организира и Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.

Благодариме на сите генерации што израснаа со нас и што заедно оставаме важен белег. Ве очекуваме во текот на целата наша роденденска седмица на претставите од редовниот реперотар, велат од ТДМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.