Театарот за деца и младинци (ТДМ) ја подготвува новата младинска претстава „Франкенштајн“ работена според истоимениот роман на Мери Шели во режија на Кокан Младеновиќ од Србија. Драматизацијата е на Србинот Димитрије Коканов и Драгана Лукан Николоски. Премиерата е закажана за 6 јули.

Претставата „Франкенштајн“ претставува едно модерно читање на романот на Мери Шели. Се занимава со темата на создавањето чудовишта во секојдневието и општото неприфаќање на инаквиот во светот во кој живееме. Оваа претстава се обидува да одговори на прашањата за тоа како се случуваат девијациите во однесувањето на луѓето и од што истите се предизивикани. Дали секоја акција е реакција, и дали се раѓаме со перцепција за тоа што е исправно или добро, прифатено/ правилно, или пак тоа е нешто стекнато, она на што нè учи мнозинството. И секако да крајот ова е претстава за стравот, за тоа дека стравовите ни ги всадуваат уште од најраното детство и потоа, обидувајќи се да се одбраниме од тие стравови реагираме на начин на кој создаваме чудовишта од себе си и од другите околу нас, вели драматургот Драгана Лукан Николовски.

фото: Театар за деца и младинци

Во претставата играат: Ангела Димитрова, Матеа Јанковска, Бојан Кирковски, Ненад Митевски Никола Наковски, Наташа Петровиќ и Симона Спировска.

Сценографија е на Кирил Василев, Александра Пециќ Младеновиќ е костимограф, Лука Кантарџиев е композитор, текстот за музиката го напиша Никола Ристески, а Олга Панго е кореограф.

Претставата е наменета за возраст над 14 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.