„Тажен и прекрасен свет: филм 2005-2015″ е насловот на новата книга на авторот Дејан Трајкоски. Во книгата се поместени интервјуа и рецензии создадени во периодот од 2005 до 2015  година.

Повеќето од авторите во 26-те интервјуа се наградени со „Оскар“, „Златен лав“, „Златна мечка“… Интервјуата се работени во живо, на фестивали и манифестации во земјава и во странство. Меѓу застапените режисери се и легендарните Јиржи Менцел, Никита Михалков, Кшиштов Зануси…

Книгата содржи и 74 рецензии за повеќе македонски и странски филмови од почетокот на овој век, но и за неколку легендарни филмови од минатиот век. Текстовите се објавувани во дневниот весник „Вечер“ и во кинотечното списание за филм „Кинопис“.

Дизајнот на корицата е на Стоиле Давчевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.