На малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес задутре премиерно ќе биде изведена претставата „Татко“ на текст од Флоријан Зелер, а во режија на Ненад Витанов.

Главната улога на таткото Андре ја игра актерот Јордан Витанов, во улогата на Ана ќе настапи Маја Љутков, Пјер ќе го глуми Жарко Спасовски, Лора – Славица Манаскова, мажот – Благојчо Стојанов и во улогата на жената ќе настапи Симона Димковска.

Асистент на режија е Кристијан Саздовски, сценографијата е на Филип Коруновски, а костимографијата на Раде Василев. Изборот на музиката го направи Ненад Витанов, фотограф на претставата е Данчо Стефков, технички раководител Никола Игнов, тон мајстор е Славчо Коцев, гардеробер Јулијана Ангеловска, а реквизитер Благој Илиев.

Оваа е четвртата премиера годинава во Велешкиот театар

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.