Светската премиера на „Сношти минав” за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска ќе се случи вечерва во Токио. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе заедно со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, Казухиро Котецу, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.
Исто така вечерва, во Скопје е светската премиера на „Со маки сум се родила” за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за Altus New Breath ансмблот, кој е на релација Франција – Македонија, а ќе ја изведат
Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.