На 11-та манифестација за современа уметничка карикатура СИКАКО 2022/23 во Сеул, Кореја на која учествуваа уметници од 60 земји: САД, Франција, Чешка, Иран, Турција, Египет, Кина, кои се претставија со над 1500 дела на современ сатиричен цртеж и уметничка карикатура, награден е македонскиот стрип автор Златко Крстевски.

Правилата за учество на изложбата се праќаат исклучиво  оригинални  дела , на тема ,,Криза “ , потпишани од уметниците. Организатор  е меѓународниот Институт за современа карикатурална уметност СИЈОНГ од Сеул Кореја. Делата се предходно жирирани, а во моментов се изложени во Сити Паблик Галери во Сеул. Куратор на ликовната поставка е Др.Лим Ченг Сан. По завршување на настанот сите 20 дела од Крстевски ќе бидат дел од фондот на Сити Галери од Сеул .

Крстевски со свои дела застапен е и во антологијата ,,Бест Картунс оф Нипон ,, публикувана од Музејот Саитама Сити -Јапонија во чест на таткото на манга уметноста Ракутен Китазава . Крстевски покрај стрип,сатиричен цртеж активно се занимава со сликарство, масло на платно. Член е на ДЛУБ Битола, ГАПИ-Кореја, ХДК-Загреб. Застапен е и во најголемата енциклопедија на деветтата уметност  ЛАМБИЕК од Амстердам, Холандија .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.