Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва, 29.07.2024г. (понеделник), со почеток во 20:30 часот во Даут пашин амам (Национална галерија на Р. Македонија) ќе се одржи концерт насловен „Strauss Concert“ на Марија Наумовска – сопран и Андреја Наунов – пијано.
Андреја Наунов е роден во Кочани. Дипломира на Фаĸултетот за музичĸа уметност – Сĸопје на одделот пијано во ĸласата на доцент – проф. Симон Трпчесĸи, во чија ĸласа е и на постипломсĸи студии, а додека студира е дел од турнејата со неговиот професор Симон Трпчесĸи низ Маĸедонија. Поĸрај пијанистичĸата ĸариера, се реализира и во воĸалните ансамбли како „Воĸали”, „Хераĸлеа” на Дубровачĸите летни игри, Охридсĸо лето, Вино фестивал-Нови Сад и други. Каĸо ĸорепетитор тој има преку 250 настапи со различни ансамбли и солисти во нашата држава и во странство (Швајцарија, Австрија, Србија, Бугарија, Германија, Унгарија, Романија, Словенија, Русија, САД). Каĸо уметнички соработник соработува со првенците на НОБ, ĸаĸо и голем број инструменталисти. Од 2011г. се реализира и во полето на диригирањето. Поради своите извонредни способности и во аĸтерството во последните 10 години тој зема учество и има остварено преĸу 1900 претстави и перформанси во детсĸи проеĸти. Во септември 2019г. на фестивалот „Моĸрањчеви дани“ во Неготино со хорот „Вардар“ добива награда за најдобра композиција од домашен автор, „Што ми е мило ем драго”. Од 2021 година станува диригент на словенечĸиот хор „Франце Прешерн” и хорот при ЕЗРМ „Моис Хасон”. Автор и реализатор е на првата СтендАп опера со целоĸупниот ансамбл на НОБ, а во 2016г. е дел од големиот јубилеј на маестро Томислав Шопов, 50 години уметничĸа дејност, диригирајќи со ансамблот на НОБ. Вработен е во Националната опера и балет, ĸаĸо хорсĸи пејач (2002-2005), а од 2005г. работи ĸаĸо пијанист-ĸорепетитор, соработувајќи со голем број на диригенти, солисти, домашни и странски режисери. Од 2009г. работи и ĸаĸо надворешен соработниĸ на Фаĸултетот за музичка уметност во Скопје. Во својот репертоар го има целоĸупниот репертоар на Националната опера и балет, ĸој брои повеќе оĸолу 50 оперсĸи наслови.
Марија Наумовска Бакревски (сопран) е родена 1986г. во Битола. Со музика започнува да се занимава на 8 години. Завршува нижо музичко училиште во Битола отсек-пијано во класата на проф. Људмила Божиновска, а потоа го продолжува средното музичко образование отсек-соло пеење во класата на проф. Пеце Митревски и проф. Магдалена Наумоска. Продолжува на ФМУ во Скопје, во класата на проф. м-р. Славица Галиќ-Петровска со позасилено работно темпо за постигнување на подобар успех. Дипломира на ФМУ во Скопје со фантастичен дипломски испит со cum laude. Завршува магистерски студии во 2012г. на ФМУ во класата на истата професорка. Како солист има настапувано со хоровите при: „Драган Шуплевски“, „Св. Климент Охридски“, „М.К.Ц“, „Св. Богородица” и оркестарот „Арко“. Од фестивалите се: Бит-Фест, Езерски бисери – Струга, Скопско лето, Охридско лето, Штипско лето, Прилепско лето, Радовишко лето и други. Има освоено повеќе први државни награди. Има посетено многу семинари по соло пеење во Босна и Херцеговина, Србија, Германија и Франција. Во НОБ има настапено со улогите: Прва дама – „Волшебната флејта“, Серпина – „Слугинка господарка“, Свадбарка- „Змејовата невеста”, Паж – „Риголето”, Ана – „Набуко”, Софи Де Палма – „Мастерклас”, Џулиета – „Хофманови приказни”, Кристин – „Фантомот од операта”, Прва вештерка и втора дама – „Дидона и Енеј”, Јерина – Опера „Скендербег“, Лучиа-Алиса – Доницети. Има настапено на Евровизија во Швдеска во 2016г. како пратечки вокал на Калиопи Букле. Во 2017г. зеде учество на семинар во Балнштајн, работејќи со светски познатите оперски пејачи Фалк Штрукман, Емили Ревлинс Штрукман, Џин Пиланд. Неодамна има работено со италјанскиот сопран Инва Мула, Валентина Бои како и проф. и педагог Михајло Арсенски-Германија и познатата оперска дива Ермонела Јахо. Работи и како професор по соло пеење во Државното музичко училиште – Битола. Моментално е вработена во Националната опера и балет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.