На угорницата по „Илинденска“, веднаш до ранохристијанската базилика на локалитетот „Манчевци“ изминатиов период се вршат археолошки истражувања, на парцела на која имаше табла дека треба да се изгради станбен објект. Според фотографиите, откриено е доста, во само еден сегмент од парцелата. Уште еден слој на културно наследство. Дали овој локалитет целосно ќе се доистражи, на поголема површина, дали соодветно ќе се заштити и можеби ќе се претстави на јавноста во слично светло како и соседниот, или пак ќе ја доживее судбината на локалитетот неколку куќи погоре, кој со хилти и казми беше уништен и покриен со бетон?, прашуваат од Охрид SOS.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.