Министерката за култура Ирена Стефоска донесе решение за престанок на должноста на Магдалена Ризова Черних како в.д. директор на Национална установа „Театар Комедија“ поради работа која не е во согласност со закон и статут и во други случаи предвидени со Закон, соопштија од Министерството за култура.
Имено, од страна на раководното лице Магдалена Ризова Черних, вршител на должноста директор на Националната установа „Театар Комедија“ – Скопје, и покрај доставеното укажување од Министерството за култура за потреба од измени на подзаконскиот акт на Националната установа, до денот на донесување на решението за престанок на мандат, од страна на раководното лице и покрај надлежноста истото да се заврши во законски определен рок, не е направено усогласување на Статутот на Националната установа Театар Комедија – Скопје, согласно Меѓународната фраскатиева класификација, стои во соопштението.
Дарко Спасов, вработен како драматург во театарот Комедија, е назначен за в.д. директор на оваа театарска установа. Изборот на Дарко Спасов за в.д. директор го побараа вработените во „ Комедија“ од Министерството за култура, откако Нора Шакири- Марковиќ беше разрешена. Согласно законот Спасов како в.д. директор има мандат од 6 месеци, со можност тој да се повтори уште еднаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.