На 15 јуни 2022 г. (среда) во 15 часот, во НУ Музеј на Република Македонија ќе биде отворена изложбата „Стари балкански фотографии“. Изложбата ќе ја отворат директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески, и претседателот на Државната агенција „Архиви“ од Република Бугарија, доц. д-р Михаил Груев.

Изложбата е меѓународен заеднички проект на двете институции и се состои од 25 изложбени паноа со 206 фотографии, кои ја претставуваат  историјата на секојдневниот живот во двете земји почнувајќи од втората половина на XIX век до триесеттите години на XX век. Архитектурата, обичаите, занаетите се дел од темите кои се опфатени во изложбата.

Изложбата ќе биде поставена од 15 до 22 јуни 2022 г.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.