Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.

На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на овогодинешната програма на 44-тиот интернационален фестивал на филмска камера, ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од целиот свет.

Поздравувајќи ја речиси пет деценицската традиција на фестивалот, претседателот Пендаровски истакна дека го радува фактот што од година в година се повеќе се збогатува програмата на „Браќа Манаки“, а Битола ја посетуваат звучни имиња од светската филмска индустрија. Со тоа, како што потенцираше Претседателот, фестивалот е промотор, не само на Битола како град, туку воопшто на македонската култура во светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.