Здружението на ликовни уметници на град Тетово по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март организира колективна изложба насловена „Современи музи“ на своите членови во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“.
Изложбата, во фоајето на Центарот, ќе биде отворена во пресрет на Меѓународниот ден на жената, во вторник на 7-ми март во 18:30 часот.
Ќе бидат претставени 24 уметнички дела создадени од 24 членови на здружението од областа на сликарството, графика и дигиталната фотографија, информираа од Здружението на ликовни уметници, информира Арбенита Мета, претседателка на Здружението.
Фото: Здружение на ликовни уметници на град Тетово
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.