Пијанистот Арда Мустафаоглу вечер ќе има солистички концерт во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во Салон 19:19. Пред публиката Мустафаоглу ќе се престави со дела Бах, Скријабин, Берг…

Арда Мустафаоглу е 21-годишен пијанист, чија кариера почнува на шестгодишна возраст. Тој e учесник на приближно 25 меѓународни натпревари, од кои има добиено 21 прва награда, Гран при награди, награди од публика и многу специјални награди. Добитник е на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.

Арда има настапувано со оркестарот на Македонската филхармонија, Софиската симфониета, Квартетот ЕОС и Квинтетот Мармара. Често одржува концерти ширум Европа (Германија, Франција, Италија, Белгија, Турција, Грција итн.).

Тој во моментот е студент во класата на Ана Виницкаја на Универзитетот за музика и театар во Хамбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.