Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ со огромно жалење соопштува дека во текот на вчерашниот ден (10 февруари) почина истакнатиот македонски композитор, музичар, педагог и долгогодишен член на СОКОМ, Тоде Новачевски, стои во дописот на асоцијацијата.

Творечки опус на Тоде Новачевски опфаќа оркестарски, камерни, вокално-инструментални дела и кантата за хор. Неговото творештво е препознатливо по големиот опус на народни и забавни песни, скоро сите антологиски хитови.
Тоде Новачевски својот музичко-едукативен пат го проследува најпрво во средното музичко училиште во Битола. Потоа се запишува на наставно-теоретскиот оддел на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Две години подоцна, се запишува на одделот по композиција, во класата на Тома Прошев. На наставно-теоретскиот оддел дипломира во 1979 година, а на одделот по композиција во 1985 година. Од 1979 до 1982 година работи во Музичката продукција на РТС, а од 1982 година работи најпрво како корепетитор, а потоа како наставник во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Подоцна се преселува во Мелбурн, Австралија каде живееше и работеше повеќе од 30 години.

 Нека му е Вечен споменот!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.